Свет Балкан Убиени двајца војници во БИХ

Убиени двајца војници во БИХ

Двајца припадници на вооружените сили на БИХ се убиени во предградие на Сараево, потврдија локалната полиција и министерството за одбрана на БИХ.

Војниците се убиени кога напаѓачот упаднал во обложувалница во населбата Рајловац и отворил оган. Уште еден војник е повреден во пукањето.

Нападот се случил во локална обложувалница, а напаѓачот, откако ги убил војниците, излегол надвор и отворил оган и на автобус. Од скршените стакла повреден е возачот на автобусот.
Неофицијално се дознава дека наоаѓачот е Енес Омерагиќ од Сокоља, за кого соседите тврдат дека е наркозависник. Очевидците на полицијата ѝ соопштиле дека напаѓачот бил облечен како вахабист.

Директорот на Државната агенција за истрага и за заштита, Перица Станиќ, вели дека убиството не може да се третира како терористички чин сè додека не се утврдат точните околности.
Босанскиот весник „Аваз“ јавува дека полицијата го лоцирала напаѓачот и ја опколила куќата во која се наоѓа. Неофицијално се дознава дека специјалната полиција преговара со осомничениот и бара мирно да се предаде.