Свет Убиени американски војници во пукање во воена база во Јордан

Убиени американски војници во пукање во воена база во Јордан

Двајца американски војници, кои обучувале јордански колеги во воздухопловна база во Јордан, денеска загинаа во престрелка, јавува „Би-би-си“.

Автомобил ја пробил капијата на влезот на базата „Принц Фајсал“. Лицата во автомобилот почнале да пукаат на јорданските војници, на што припадниците на армијата возвратиле.

Во престрелката настрадале американски војници, а еден јордански војник е повреден.

Засега не се откриваат повеќе детали ниту, пак, кој стои зад нападот.