Свет Убиени 50 кениски војници

Убиени 50 кениски војници

Припадниците на исламистичката група Ал шабаб нападнале воена база на Африканската унија во сомалискиот град Ел Абе, при што убиени се најмалку 50 кениски војници, објави денеска агенцијата „Синхуа“.

Светските медиуми јавуваат дека бомбаш-самоубиец со камион удрил во капијата на воениот камп на мировниот контингент на југот на државата.

Откако камионот ја пробил капијата, милитантите влегле во базата и почнале со борбите, пренесува „Спутник“.

Ал шабаб настојува да ја собори владата на Сомалија и да наметне строга верзија на исламот во земјата.

Групата презеде одговорност за многу напади во Сомалија и во пограничните градови во Кенија.