Свет Европа Убиена членка на британскиот парламент во Лидс

Убиена членка на британскиот парламент во Лидс

Членката на британскиот парламент од редовите на Лабуристичката партија, Џо Кокс, починала откако денеска била застрелана и прободена со остар предмет во инцидент кој се случил во близина на градот Лидс, јавува „Би-би-си“.

Кокс по инцидентот во критична состојба веднаш била пренесена во болницата во Лидс, каде по неколку часа починала.

Полицијата успеала да го уапси напаѓачот и, според информациите, станува збор за 52-годишен жител на Лидс.

Засега нема информации за мотивите за нападот. На инцидентот му претходела вербална расправија пред библиотеката Бирстал.

Поради настанот, како што јавуваат медиумите, во моментов е суспендирана кампањата за референдумот за излез или останување на Велика Британија во Европската Унија, кој треба да се одржи на 23 јуни.