Свет Свет Убиен Палестинец на Западниот Брег

Убиен Палестинец на Западниот Брег

Израелската полиција уби еден Палестинец за време на рацијата која денеска ја спроведе на Западниот Брег, јавија очевидци и болнички извори.

Портпаролот на израелската полиција изјави дека Палестинецот бил убиен кога се обидел да фрли граната врз полицајците, кои вршеле операцијата против милитантите.

Локалните жители на Џенин и болнички официјални лица изјавија дека 23-годишниот Палестинец бил убиен утринава и оти нема судири од поголеми размери со израелските сили.

Портпаролот на израелската погранична полицијата соопшти дека рациите во Џенин не биле претходно координирани со безбедносните сили на палестинскиот претседател Махмуд Абас, кои дејствуваат паралелно во градовите на Западниот Брег.