Свет Убиен најпознатиот балкански џихадист

Убиен најпознатиот балкански џихадист

Најпознатиот балкански џихадист, Лавдрим Мухaџери, е убиен за време на борбите со курдските сили во Кобане, јави новинарката на британски „Сандеј тајмс“, Хала Џабер.

Абу Абдула Косово, како што гласи военото име на Мухaџери, е убиен во неделата, за време на жестоките борби на курдските борци и на единиците на Исламската држава во Кобане.

Курдските извори, претходно, двапати тврдеа дека Муџахери бил убиен, но тие информации се покажаа како невистинити.

Мухaџери го сврти вниманието на јавноста откако јавно обезглави сириско момче и ја постави фотографијата на социјалните мрежи.