Свет Убиен клучниот човек на Хезболах

Убиен клучниот човек на Хезболах

Клучниот човек на Хезболах, Самир Кантар, е убиен во ракетен напад во близина на Дамаск во Сирија, соопшти Хезболах, од каде за нападот го обвинуваат Израел.

Израел во 2008 година го ослободи Кантар во размена на затвореници со Хезболах. Тој во затвор бил од 1979 година поради убиство што го извршил кога имал 16 години, кога убиени биле полицаец и неговата четиригодишна ќерка.

– Не сакам ниту да потврдам ниту да негирам што било поврзано со таа тема – изјави Јоав Галант, израелкски министер за градежништво, кој додаде дека е добро што луѓе како Самир Кантар веќе нема да бидат дел од овој свет.

За Кантар се верува дека откако е на слобода, станал клучна фигура во Хезболах, од каде беа испратени повеќе од стотина борци во Сирија за да се борат со силите лојални на претседателот Башар ал Асад.