Хроника Кондовец уапсен откако признал дека убил соселанец

Кондовец уапсен откако признал дека убил соселанец

Дваесет и едногодишно момче од скопското село Кондово, синоќа било уапсено во полициската станица Ѓорче Петров, откако признало дека пред една недела го убило својот соселанец М.M. (57) и го открило местото каде се наоѓа телото, информираше денеска МВР.

Според полицијата, 21-годишниот М.Т. на 11 јули, околу 21.30 часот, во близина на Кондово, го убил М.М., кој во меѓувреме бил пријавен за исчезнат.

Полициска екипа ноќеска, околу полноќ, на посоченото место во близина на Кондово го пронашла телото на М.М., каде веднаш бил извршен увид во присуство на јавен обвинител.