Свет Уапсените во Мексико признаа дека извршиле масовно убиство

Уапсените во Мексико признаа дека извршиле масовно убиство

Студентите исчезнаа на 26 септември по судири со полицијата

Тројца припадници на наркобанда, уапсени за време на истрага за исчезнувањето на 43 студенти од мексиканскиот град Игуала, признаа дека убиле голема група луѓе, соопшти државниот обвинител Хесус Муриљо.

Тој рече дека тројцата уапсени признале дека запалиле група луѓе, и тоа додека некои од нив уште биле живи, во депонија близу Игуала во државата Гереро, каде студентите исчезнаа на 26 септември по судири со полицијата.

За време на истрагата за случајот на исчезнувањето на студентите, уапсени се десетици полицајци, како и градоначалникот на Игуала и неговата сопруга, кои беа во бегство и кои, најверојатно, се главни планери на исчезнувањето на студентите.

Властите во Мексико сè уште чекаат ДНК-извештај од вештаците заради утврдување на идентитетот на убиената група луѓе.