Свет Европа Уапсени седум припадници на ИД кои подготвувале напади во Русија

Уапсени седум припадници на ИД кои подготвувале напади во Русија

Седум припадници на Исламска држава, кои подготвувале терористички напади во Русија, се уапсени во Екатеринбург, во областа Урал, соопшти Руската федерална служба за безбедност.

Лидерот на групата исламисти во Русија дошол преку Турција.

Џихадистите планирале терористички напади во најголемите градови во Русија, вклучувајќи ги Москва и Санкт Петербург, а потоа требало да побегнат во Сирија.

– Вооружените напаѓачи планирале големи терористички напади со помош на рачно изработени експлозивни направи – соопшти руската служба.

Уапсените екстремисти се граѓани на Русија и на некои централноазиски држави.