Свет Европа Уапсени милитанти во Белгија и во Франција

Уапсени милитанти во Белгија и во Франција

Белгиската полиција синоќа уапсила шест лица во рамки на истрагата за терористичките напади во Брисел, соопшти канцеларијата на федералното белгиско обвинителство.

Одлуката за подигнување обвиненија против осомничените ќе биде донесена денеска.

Нивото на антитерористичката готовност во Белгија е подигната на максимално ниво, еден час по нападите, а намалена е синоќа на трето ниво.

Белгискиот министер за внатрешни работа и правосудство поднесоа оставки, откако го занемариле предупредувањето од Турција дека Ибрахим ел Бакрав, самоубиецот од бриселскиот аеродром е особено опасен.

И во Париз вчера е уапсен милитант, француски државјанин, осомничен дека припаѓал на мрежа на милитанти која планирала напади во Франција, објави француското министерство за внатрешни работи.
Во соопштението се наведува дека станува збор за лице кое во терористичката организација било високо позиционирано.