Хроника Уапсени две лица што се барале со судска наредба

Уапсени две лица што се барале со судска наредба

Скопската полиција изминативе денови уапсила две лица што се барале со потерница за издржување затворски казни.

Како што информираат од полицијата, во понеделникот, постапувајќи по судска наредба, нивна екипа го уапсила Орхан М. (38), кој бил баран за издржување затворска казна во траење од три години и шест месеци за кривични дела насилство и запуштање и малтретирање малолетно лице. Тој бил спроведен во полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

Во петокот, минатата недела, бил уапсен Беким Х. (19), кого судот го барал за издржување казна затвор од една година за кривично дело кражба. Уапсениот бил спроведен во КПУ „Скопје“, во населбата Шуто Оризари.