Свет Уапсени двајца осомничени за заложничката драма во хотелот во Мали

Уапсени двајца осомничени за заложничката драма во хотелот во Мали

Специјалните сили на Мали уапсиле две лица осомничени за поврзаност со заложничката драма во хотелот „Радисон блу“ во главниот град на земјата, Бамако, во која беа убиени повеќе од 20 лица, јавуваат светските медиуми.

Засега не е познат идентитетот, ниту улогата што двајцата осомничени ја имале при нападот во хотелот, кој се случи во петокот минатата недела.

Одговорноста за нападот, во кој вооружени лица држеа во заложништво 170 луѓе, ја презеде терористичката џихадистичка група Ал мурабитун.