Главна секција Уапсени десетина лица, меѓу нив и кадри на ВМРО-ДПМНЕ

Уапсени десетина лица, меѓу нив и кадри на ВМРО-ДПМНЕ

Десетина лица била приведени во нова акција на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и на МВР за случај за незконско распределување и продажби на државно земјиште.

Како што објавија дел од медиумите, меѓу уапсените бил и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, но и Димитар Димовски, член на Извршниот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ, како и Дејан Митревски, актуелен претседател на Општинскиот Комитет во Аеродром.

Уапсен бил и еден вработен во државното правобранителство, петмина вработени во Министерството за транспорт и врски, нотар, вработени во Катастар и еден бизнисмен.

Повеќе детали се најавени за подоцна денеска.