Свет Балкан Уапсени 21 припадник на ИД во Турција

Уапсени 21 припадник на ИД во Турција

Дваесет и едно лице се приведени во Турција под сомневање дека се членови на џихадистичката група Исламска држава.

Како што јавуваат локалните медиуми, апсењата се извршени во рамките на полициските рации спроведени во повеќе турски градови, а тројца од уапсените се странци. Националноста на странците не се открива.

Турската полиција соопшти дека приведените лица се осомничени дека ѝ помагале на ИД при регрутирање членови од Европа.