Македонија Уапсен жител на Ваксинце поради шверц на мигранти

Уапсен жител на Ваксинце поради шверц на мигранти

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал приведе македонски државјанин осомничен за шверц на мигранти.

Полицијата имала информации дека И.Д. (46), за паричен надомест, подолг временски период сместувал илегални мигранти на локација во село Ваксинце.

Полициски екипи денеска извршиле претреси на три локации и во куќата, сопственост на И.Д., пронашле илегални мигранти.

Против И.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за криумчарење мигранти.