Македонија Уапсен внукот на Рафиз Алити поради пожарот во „Македонски пошти“

Уапсен внукот на Рафиз Алити поради пожарот во „Македонски пошти“

Внукот на потпретседателот на Собранието, Рафиз Алити, Арменд Фазлиу, е уапсен поради одговорност за пожарот што изби во дирекцијата на „Македонски пошти“ во 2013 година.

Судот на Фазлиу му одредил казна затвор од две години, по што е однесен во затворот во Шуто Оризари.

Фазлиу пред две години беше шеф на кабинет на Рафиз Алити, кој ја извршуваше функцијата дикректор на „Македонски пошти“.