Свет Балкан Уапсен уредникот на интернет-изданието на весникот „Џумхуриет“

Уапсен уредникот на интернет-изданието на весникот „Џумхуриет“

Турската полиција го привела главниот уредник на интернет-изданието на дневниот весник „Џумхуриет“, Огуз Ѓувен. Според „Џумхуриет“, Ѓувен е приведен поради непознати причини. Ѓувен на Твитер напиша „Приведен сум“.

Турската државна новинска агенција „Анадолија“ јави дека Ѓувен е приведен во Истанбул поради информација за загинувањето во сообраќајна несреќа на главниот обвинител во округот Денизли. Тој и неговиот возач загинаа откако нивното возило удри во камион на 10 мај.

Алпер беше првиот главен обвинител кој почна истрага против движењето на Фетулах Ѓулен (ФЕТО), обвинето за неуспешниот обид за воен удар на 15 јули 2016 година.

Вкупно 12 новинари и директори на опозицискиот весник „Џумхуриет“ во моментот се во затвор под обвинение за тероризам.