Хроника Уапсен скопјанец кој се барал заради издржување две затворски казни

Уапсен скопјанец кој се барал заради издржување две затворски казни

Секторот за внатрешни работи Скопје, постапувајќи по судска наредба, го уапсил скопјанецот Исмаил Т. (42), кој се барал за издржување две затворски казни.

Како што информираат од полицијата, Исламил Т. во едниот случај се барал за издржување казна затвор од една година и десет месеци, поради кривично дело тешка кражба, додека другата казна затвор, во траење од пет месеци, му била изречена за кражба.