Македонија Уапсен радовишанец кој подметнал пожар во зграда

Уапсен радовишанец кој подметнал пожар во зграда

Кај пироманот биле пронајдени предмети поврзани со пожарот, а тој бил задржан во полициската станица за службен разговор, по што признал дека предизвикал пожар во зградата

Фото: wikimedia

Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи вчера околу 13 часот, уапсиле 57-годишен радовишанец под сомнеж дека подметнал пожар во станбена зграда на булевар „Александар Македонски” во Радовиш. Од полицијата соопштуваат дека биле опожарени влезни врати од 8 станови, ходници и разводна табла за електрична енергија.

Пожарот бил изгаснат по интервенција на Територијалната противпожарна полиција Радовиш, а увид на местото бил извршен од инспектор на Дирекција за заштита и спасување како и екипа од ОВР Радовиш.

Кај пироманот биле пронајдени предмети поврзани со пожарот, а тој бил задржан во полициската станица за службен разговор. Тој во разговор со полицијата признал дека го предизвикал пожарот во зградата. Во текот на денот Б.Ѓ ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.