Хроника Уапсен осуденик кој се барал со судски налог

Уапсен осуденик кој се барал со судски налог

Скопската полиција вчера го уапсила Ѓунер А. (41), кој се барал со судска наредба заради издржување затворска казна.

Според полициските информации, скопјанецот се барал заради издржување затворска казна од пет месеци за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

По апсењето, скопјанецот бил спроведен во полициската станица Чаир за понатамошна постапка.