Хроника Уапсен осомничениот за двојното убиство во охридскиот клуб „Император“

Уапсен осомничениот за двојното убиство во охридскиот клуб „Император“

По шестмесечно бегство, албанската полиција вчера во Тирана го уапсила 31-годишниот Бојан Р., осомничен дека го извршил двојното убиство во охридскиот локал „Император“, кон средината на август минатата година, јавуваат албанските медиуми, повикувајќи се на полициски информации.

Вечерта, на 21 август, на летната тераса на локалот „Император“, осомничениот со неколку истрели од пиштол ги застрелал сопственикот на објектот, Васил Ристески (56), и неговиот пријател, Ромео Ѓузлески (38), кои по кратко време им подлегнале на повредите.

На двојното убиството му предходела жестока расправија меѓу осомничениот и жртвите.

Според албанските медиуми, во апсењето на македонскиот државјанин учестувале агенти од секторот за борба против трговија со луѓе и агенти на Интерпол.