Свет Европа Уапсен Мароканец, планирал напад во Салцбург

Уапсен Мароканец, планирал напад во Салцбург

Австриската полиција уапсила еден Мароканец за време на претрес во бегалскиот центар во општината Фушл во Салцбург.

Тој, наводно, планирал терористички напади во периодот помеѓу претстојниот Божиќ и Нова година.

Полицијата соопшти дека во ноември добила информации за разговор за терористички напади.

– Службата за заштита на уставноста и за борба против тероризмот поведе истрага, ги локализираше и ги идентификуваше осомничените – наведе портпаролот на полицијата, Михаел Рауш.

На основа на резултатите од истрагата, вчера бил спроведен претрес во бегалски центар, а во апсењето учествувале и припадници на специјалната единица „Кобра“, како и експерти за експлозив.

Во акцијата единствен уапсен е 25-годишниот Мароканец.