Свет Уапсен еден од двајцата осомничени за нападот во Дортмунд

Уапсен еден од двајцата осомничени за нападот во Дортмунд

Германската полиција уапсила еден од двајцата осомничени кои се товарат за вчерашната експлозија во Дортмунд, соопшти денеска германското Федерално обвинителство.

Во писмото кое е пронајдено на местото нападот се бара повлекување на германските авиони од Турција и затворање на американската воздухопловна база Рамштајн во Германија.

Трите експлозии се случиле во близина на автобус со фудбалерите на „Борусија Дортмунд“, но ниту еден од нив нема потешки повреди бидејќи автобусот бил блиндиран.

Главната обвинителка, Фрауке Келер, потврди дека се истражува можната „терористичка врска“.

– Двајцата осомничени од исламскиот спектар се наоѓаат во фокус на истрагата. Становите на двајцата се претресени и еден од нив е задржан во притвор – наведе Келер.