Македонија Твитер-реaкции на одлуката на Уставниот суд: „Да ти е мерак сега да...

Твитер-реaкции на одлуката на Уставниот суд: „Да ти е мерак сега да местиш избори“

Одлуката на Уставниот суд, со која тој ги укина измените на Законот за помилување донесени во 2009 година, со што повторно му се враќа можноста на претседателот на државата да помилува и да аболира лица гонети или осудени за изборен криминал, педофилија и нарко-дилери, предизвика лавина од реакции на разочарување и негодувања на социјалните мрежи.