Технологија Мрежата „Твитер“ е падната на глобално ниво

Мрежата „Твитер“ е падната на глобално ниво

Милиони корисници на „Твитер“ утринава немаат пристап до социјалната мрежа, која е недостапна повеќе од еден час.

Микроблогот синоќа и во петокот беше паднат, но само во период од 10 минути. Компанијата го среди проблемот, но не објасни која е причината, поради што се појавија шпекулации дека познатата веб-мрежа можеби е предмет на хакерски напад.

„Во период од 06.23 и 06.33 часот, некои од корисниците имаа проблем да пристапат на „Твитер“ преку мобилните телефони и преку компјутерите. Проблемот е среден и се извинуваме за непријатностите“, напиша вчера „Твитер“.

Сервисот во последните месеци имаше неколку слични проблеми, но утринава проблемот е глобален и трае подолго од претходните вакви случаи.

„Твитер“ и другите социјални мрежи во последниот период се под поголем притисок да се справат со терористите, како што се Исламска држава, кои ги користат овие медиуми за да регрутираат борци, да шират омраза и да праќаат закани кон западните земји.