Македонија ТВ Шења: Хан е загрижен поради закочениот Договор од Пржино

ТВ Шења: Хан е загрижен поради закочениот Договор од Пржино

Еврокомесарот за проширување и добро соседство Јоханес Хан испратил писмо до политичките лидери потписници на Договорот од Пржино во која ја изразува својата загриженост поради пробивањето на роковите за имплементација на договореното, јавува „ТВ Шења“.

Мисијата на Европската унија во Скопје засега не ја потврдуваат информацијата дека Хан во јануари ќе допатува во Скопје со цел да го придвижи политичкиот договор, ниту дека испратил писмо до политичките лидери.