Македонија Туск: Шенген-зоната ќе пропадне ако не се справиме со бегалската криза

Туск: Шенген-зоната ќе пропадне ако не се справиме со бегалската криза

Европа за помалку од два месеци треба да ја стави под контрола бегалската криза, во спротивно ќе дојде до пропаѓање на шенген-зоната, оцени денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

– Немаме повеќе од два месеца работите да ги ставиме под контрола-  изјави Туск во Европскиот парламент, додавајќи дека во спротивно, ќе се случи колапс на Шенгенскиот договор.

Туск смета дека мора да се воведе соодветна контрола на надворешните граници на Унијата, бидејќи без таква заштита „ЕУ ќе падне како политички проект“ .