Свет Балкан Турција: Војската уби повеќе од 30 бунтовници на ПКК

Турција: Војската уби повеќе од 30 бунтовници на ПКК

Турските воени сили синоќа убиле повеќе од 30 курдски бунтовници во операциите спроведени во Северен Ирак, каде има бази на ПКК, соопшти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Ноќеска беше извршена прекугранична операција. Повеќе од 30 бунтовници беа убиени. Операциите во државата и надвор од границите нема да престанат. Ние нема да запреме – соопшти Ердоган.

Од средината на јули, турските воздухопловни сили и артилеријата напаѓаат цели на ПКК во Северен Ирак.