Свет Балкан Турција: Убиени четворица припадници на ИД

Турција: Убиени четворица припадници на ИД

Четворица терористи и двајца полицајци загинаа во акција на турската полиција на југоистокот на Турција, јавуваат турските медиуми.

Полицијата упаднала во куќа во градот Дијарбакир, која, според разузнавачки информации, ја користеле лица блиски до терористичката група Исламска држава.

Двајца полицајци загинале, а четворица се повредени кога терористите активирале бомба.

Сè уште не се знае дали операцијата е поврзана со самоубиствените бомбашки напади на мирниот протест во Анкара, во кои загинаа 102 лица. Еден од двајцата напаѓачи е идентофикуван како припадник на ИД.