Свет Балкан Турција: Уапсени три лица поврзани со ИД

Турција: Уапсени три лица поврзани со ИД

Турската полиција денеска во близина на Анталија уапсила тројца осомничени припадници на Исламска држава, меѓу кои има и еден белгиски државјанин по потекло од Мароко.

Другите двајца уапсени се сириски државјани. Уапсените се осомничени за помагање и за поддржување на Исламска држава.
Белгискиот државјанин е идентификуван како Ахмет Д. и е осомничен дека е поврзан со минатонеделните терористички напади во Париз, при кои загинаа 130 лица.

Осомничените се уапсени во хотел во кој биле сместени, а турските власти засега не го потврдуваат нивното апсење.