Свет Балкан Турција: Уапсени лица поврзани со ИД

Турција: Уапсени лица поврзани со ИД

Турската полиција уапсила најмалку 15 лица осомничени дека се поврзани со Исламска држава, јавуваат локалните медиуми.

Меѓу уапсените во Анкара има и неколку странци, но нивната националност не се открива.

Истовремено се уапсени и 19 лица поврзани со Курдската работничка партија (ППК) во градот Адијаман, на југоистокот на земјата.