Свет Балкан Турција: Уапсени 33 осомничени членови на ИД

Турција: Уапсени 33 осомничени членови на ИД

Триесет и три осомничени џихадисти се уапсени, од кои 16 странци во акциите на турската полиција во Истанбул и во Адана, соопштија денеска властите во Анкара.

Десет лица се уапсени во пет квартови во Истанбул, додека другите се уапсени во Адана. Уапсените, наводно, биле во контакт со ИД и патувале во конфликтните зони.

Полицијата соопшти дека 15 од уапсените се Египќани, а една е Русинка.