Свет Европа Турција тврди дека Ѓулен планира да избега во Канада

Турција тврди дека Ѓулен планира да избега во Канада

Заменикот на турскиот министер за надворешни работи, Нуман Куртулмуш, вели дека Турција има проверени информации дека Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, планира да избега во Канада.

Турција го бара Ѓулен поради наводно организирање на неуспешен државен удар во јули минатата година.

Според разузнавачките служби, следбениците на Фетулах Ѓулен купиле земја и фарма во Канада, а турската влада таа информација ја споделила со американското министерство за правда.

Турција побара од САД Ѓулен да биде во притвор додека американските власти не го разгледаат барањето на Турција за екстрадиција, за да се спречи Ѓулен да побегне во друга земја.