Свет Европа Турција со џиновски чекори се оддалечува од Европа, смета Јункер

Турција со џиновски чекори се оддалечува од Европа, смета Јункер

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека кај Турција е целата вина за пропаѓањето на преговорите за влез во ЕУ.

– Турција се повлекува од Европа со џиновски чекори – рече Јункер на конференција на амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Брисел.

Тој додаде дека останува турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и официјално да прогласи крај на настојувањата Турција да стане дел од ЕУ.

Јункер вели дека Ердоган веројатно очекувал Европа да биде таа што ќе ги прекине преговорите за да може да ја префрли вината на Брисел.

– Но, ЕУ мора да избегне да падне во таа замка затоа што одговорноста е исклучиво на турска страна – рече Јункер, додавајќи дека прекинот на преговорите е теоретско прашање, затоа што преговори и нема.