Свет Балкан Турција подигнува ѕид на границата со Иран

Турција подигнува ѕид на границата со Иран

Турските власти почнале да градат ѕид долж границата со Иран, јавуваат турските медиуми, додавајќи дека ќе биде висок три метри.

Слични бариери Турција има поставено и долж границата со Сирија.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган во јуни соопшти дека властите планираат да изградат 900-километарски ѕид на границата со Ирак и со Иран.

Претставник на турските власти изјавил дека целта е ѕидот да ја зголеми сигурноста и да го спречи влезот на курдските милитанти во Турција.