Свет Европа Турција очекува позитивни резултати од разговорите со ЕУ за безвизниот режим

Турција очекува позитивни резултати од разговорите со ЕУ за безвизниот режим

Турција во следните неколку дена очекува да има позитивни резултати од разговорите со Европската Унија за безвизен режим за турските граѓани, јавува агенцијата „Ројтерс“.

Договорот за давање можност за безвизно патување во Европа, во замена за запирање на протекот на мигранти во ЕУ, е во ќор-сокак поради тоа што Европа смета дека турските антитерористички закони се премногу општо формулирани.

Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјавил дека ЕУ не треба да бара Турција да го намали капацитетот за борба против тероризмот.