Свет Балкан Турција нема да ги запре нападите врз сириските Курди

Турција нема да ги запре нападите врз сириските Курди

Официјална Анкара нема да ги сопре нападите врз сириските Курди, кои се одговор на прекуграничните престрелки, соопшти денеска турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот претседател порача дека САД треба да одлучат кого поддржуваат, Турција или курдските бунтовници.

Турција ги смета Силите за заштита на народот и нивното политичко крило, Демократската унија, за терористички организации поврзани со Курдската работничка партија (ПКК).

– Нема да дозволам да се создаде нов Кандил на турската јужна граница – нагласи Ердоган, алудирајќи на планината Кандил во северниот дел на Ирак, каде бунтовниците на ПКК имаат свои бази.