Свет Балкан Турција не е подготвена за договор за обединување на Кипар, тврди Коѕиас

Турција не е подготвена за договор за обединување на Кипар, тврди Коѕиас

Неуспешните проговори за повторно обединување на Кипар се доказ дека Турција не е подготвена за договор за тоа прашање, оцени грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас.

Преговорите во швајцарското туристичко место Кран Монтана, како што рече Коѕиас, пропаднале затоа што официјална Анкара инсистирала да ја остави својата војска на Кипар и да го зачува правото на воена интервенција на островот. Затоа, според Коѕиас, ова прашање мора да биде решено доколку во иднина се прават обиди за рестартирање на мировните преговори.