Свет Балкан Турција ќе се снабдува со гас од Катар

Турција ќе се снабдува со гас од Катар

Турција и Катар склучија договор за долгорочна испорака на природен гас. Договорот доаѓа по шпекулациите дека Русија би можела да ја прекине испораката на гас за Турција, како дел од воведените трговски санкции.

Прелиминарниот договор за испорака на гас од Катар во Турција, го склучиле државната турска корпорација за промет со нафта и со гас, „Боташ“, и Катарската национална нафтена компанија.

Спогодбата е склучена во текот на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Катар.