Свет Свет Турција ќе ги продолжи своите операции во Сирија

Турција ќе ги продолжи своите операции во Сирија

Турција нема да се откаже од своите операции во Сирија, изјави денеска на прес-конференција шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу.

Изјавата на Чавушоглу доаѓа откако сириски воен хеликоптер бомбардирал и убил бунтовници кои Турција ги поддржува.

Во нападот кој се случил доцна синоќа, убиени се двајца бунтовници, а ранети се пет во првиот директен судир на бунтовниците и на сириските сили од август годинава, кога турската војска влезе во Сирија.

Силите лојални на Бараш ал Асад ќе продолжат да ги бомбардираат бунтовниците наместо Исламска држава, а турската војска ќе продолжи да го „чисти“ просторот околу својата граници, рече Чавушоглу, додавајќи дека ќе продолжат да ги поддржуваат бунтовничките сили при заземањето на сирискиот град Ал Баб.