Свет Балкан Турција го замрзна имотот на поранешниот претседател на Јемен

Турција го замрзна имотот на поранешниот претседател на Јемен

Турција ги замрзна средствата на поранешниот претседател на Јемен, Али Абдула Салех, во согласност со одлуката на Советот за безбедност на ОН, соопшти портпаролот на турската влада.

Во соопштението се наведува дека е замрзнат имотот на Салех во турските банки и во другите финансиски институции, вклучувајќи ги и сефовите.

Салех е осомничен дека во времето кога бил на власт присвоил околу 60 милијарди долари, што е еднакво на годишниот домашен бруто-производ на Јемен, и оти бил во дослух со милицијата кога таа ја презеде власта во 2014 година.