Свет Турција ги извести ОН за урнатиот руски авион

Турција ги извести ОН за урнатиот руски авион

Турција во пишана форма ги извести генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, и петте членки на Советот за безбедност за соборениот руски борбен авион, соопштија турски дипломатски извори.

Турскиот заменик-потсекретар веќе се сретна со рускиот, американскиот и со британскиот амбасадор.

Тој, исто така, се сретнал и со францускиот амбасадор, откако турскиот борбен авион „ф-6“ го урнал рускиот „су-24“ во близина на сириската граница.