Свет Балкан Турција бара од Германија да и испорача наводен учесник во пучот

Турција бара од Германија да и испорача наводен учесник во пучот

Турција побара од Германија да и го испорача теологот осомничен дека имал важна улога во минатогодишниот обид за воен удар, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Турција испратила дипломатска нота со барање за екстрадиција на Адил Оксуз, кого турските власти го опишуваат како „имам“ на припадниците на турското воздухопловство кои ја бомбардираа зградата на парламентот при обидот да го симнат од власт претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Властите наведуваат дека Оксуз е приведен во близина на воздухопловната база во Анкара, неколку часа по воениот удар, но дека судијата го ослободил два дена подоцна, по што тој се дал во бегство.

Турските медиуми јавуваат дека Оксуз е забележан во Франкфурт и во Улм и дека германската покраина Баден-Виртемберг му дала привремена дозвола за апрестој.