Свет Балкан Турските полицајки ќе можат да носат хиџаб

Турските полицајки ќе можат да носат хиџаб

Жените во турската полиција првпат ќе можат да носат хиџаб кој ќе биде дел од нивната униформа. Ова беше објавено во службениот весник на Турција.

На жените во полициските сили „ќе им биде овозможено да ја покријат главата“ со хиџаб под нивните капи или беретки, сè додека хиџабот е „иста боја како и униформата и без шари“, се вели во одлуката, која стапува на сила по објавувањето во турскиот службен весник.

Турската владејачка Партија на правдата и развојот настојуваше да ги укине ограничувањата на жените за носење хиџаб во оваа официјално секуларна држава.

Турција ја укина забраната за носење хиџаб на универзитетските кампуси во 2010 година, за студентките во државните институции во 2013 година, а за учениците во 2014 година.

Турските провладини медиуми истакнуваат дека неколку западни држави веќе им дозволиле на женските офицери да носат хиџаб, наведувајќи ги примерите на шкотската и на канадската полиција.