Свет Балкан Турски товарен брод нападнат кај Либија

Турски товарен брод нападнат кај Либија

Турски товарен брод бил нападнат во близина на либискиот брег, додека се приближувал кон пристаништето во Тобрук, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Турција.

Кога бродот се обидел да се оддалечи од брегот, од каде доаѓал огнот, бил нападнат од воздух. Во нападот убиен е еден член на екипажот, а повредени се неколкумина.

Министерството за надворешни работи на Турција го осуди нападот, тврдејќи дека бродот за време на нападот бил во меѓународни води.

Турските власти не открија кој го извршил нападот.