Хроника Турски државјанин уапсен на преминот Богородица за фалсификуван пасош

Турски државјанин уапсен на преминот Богородица за фалсификуван пасош

На граничниот премин Богородица, полицијата вчера уапсила турски државјанин кој го сомничи дека фалсификувал лични документи.

Турскиот државјанин Б.Р.A. (1963) од Истанбул за време на граничната проверка на полицијата ѝ покажал хрватска патна исправа, која гласи на негово име, за која полициските службеници се посомневале дека е фалсификувана.

При претресот кај лицето се пронајдени фалсификувани хрватска лична карта и хрватска возачка дозвола, а двата документи биле на име Б.Р.A. (1963).

Граничната полиција го предаде турскиот државјанин во полициската станица Валандово, каде што се прават понатамошни проверки.