Економија Туристичкиот потенцијал на Македонија, презентиран во Јапонија

Туристичкиот потенцијал на Македонија, презентиран во Јапонија

Туристичкиот потенцијал, видовите туризам и можностите за инвестирање во овој сектор беа презентирани пред повеќе од 50 туристички оператори од Јапонија.

Презентацијата ја организираа Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и македонската амбасада во Токио во соработка со јапонската асоцијација на тур-оператори.

По предлог и номинација од македонската амбасада во Токио, Охрид беше избран меѓу 30 најубави места во Европа, од јапонските туристички оператори во конкуренција на градови од 169 земји.

По презентацијата за туризамот, јапонските тур-оператори имаа можност да ги пробаат и македонските вина од повеќе винарници.