Свет Туристи пронашле делови од изгубениот малезиски авион во Мозамбик

Туристи пронашле делови од изгубениот малезиски авион во Мозамбик

Туристи од Јужна Африка тврдат дека пронашле дел од исчезнатиот авион на малезиската авиокомпанија „Малезија ерлајнс“ од летот МХп370 на плажа во Мозамбик.

Каспер Лотер изјавил дека неговиот син Лијам, во близина на градот Ксајксај во Мозамбик, нашол парче од авионот на кој се наоѓа петцифрен број и оти го зел со себе кога се вратиле дома.

Семејството Лотер го конкаткирале австралиските власти откако друг дел од исчезнатиот авион е пронајден на истото подрачје во Мозамбил. Каспер Лотер рече дека австралиските власти оцениле дека делот што син му го пронашол може да биде од авион „боинг 777“.

Претставник на јужноафриканското цивилно воздухопловство рече дека пронајдениот дел ќе биде испратен на испитувања во Австралија.

Малезискиот авион „боинг 777“ исчезна пред две години, а потрагата по него се води во океанот, западно од Австралија.

Авионот на летот „МГ-370“ е единствениот „боинг 777“ кој се води за исчезнат во светот.