Македонија Турција испрати 50.000 маски и 1.000 тестови за Ковид-19

Турција испрати 50.000 маски и 1.000 тестови за Ковид-19

Донација од 50.000 заштитни маски, 1.000 заштитни одела и 1.000 тестови за КОВИД-19 пристигна денеска од Турција како помош во справувањето со пандемијата. Доставувањето на помошта, според министерот за надвоерешни работи Никола Димитров, го координира НАТО.

„НАТО преку својот механизам за помош на некој начин има улога на координативен центар меѓу барањата и потребите на земјите членки и тие што можат да овозможат помош, преку мехнизмот овозможуваат. Нашата прва помош стигна од Норвешка, механички респиратори,“, изјави денеска Димитров.

Тој наведе и дека со помошта стигнало и писмо од турскиот претседател Реџап Таип Ердоган, со пораки за пријателство и честитки за членството во НАТО.

Доставувањето помош до сојузниците на кои им е потребна го коодринира Евро-Атлантскиот Центар за координација на одговор на несреќи (Euro-Atlantic Disaster Response Coordination Centre EADRCC) на НАТО, кој ги усогласува барањата на едни земји со понудите за помош, одношно расположивите капацитети и вишокот ресурси на други земји-членки.